Градоначалникот Заев оствари средба со делегација од општина Разлог
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, оствари средба со делегација на општина Разлог, Република Бугарија. На средбата се разгледуваа можностите за јакнење на капацитетите и соработката меѓу двете општини, а посебен акцент беше ставен на дефинирањето на идеи за заеднички проекти по новиот повик на ИПА програмата. Претставниците на двете општини се договорија да ги искористат можностите со кои располагаат за прекугранична соработка во повеќе области, како што се културата, туризмот, заштитата на животната средина, а од страна на делегацијата од Разлог беше даден предлог за збратимување на двете општини.