Се снимаат „Струмички приказни“ проект поддржан од буџетот на општина Струмица
Здружението за култура и уметност „Сцена“ од Струмица почна со реализација на проектот „Струмички приказни“. Станува збор за тв серија од 15 епизоди која што треба да биде реализирана во периодот 2015 – 2016 година. Овој проект кој ќе го промовира богатото народно творештво од струмичкото поднебје, финансиски е поддржано од општина Струмица.
-Големото народно творештво е неисцрпен извор кое се пренесувало од колено на колено со генерации. Со реализацијата на овој проект ние ќе докажеме пред самите себе и пред другите дека струмичкиот говор со својата специфичност е посебен и со висока мелодичност која ни дава за право да се чувствуваме многу богати и среќни што имаме такво културно богатство на народни умотворби. Со тоа никогаш нема да бидат заборавени, туку, ќе не направат горди дека сме ги овековечиле, вели Бранко Бенинов од здружението „Сцена“.
Во оваа тв серија ќе учествуваат 16 актери и 20 статисти, а режисер е Катерина Бенинова. Снимањето ќе се врши во неколку населени места во општина Струмица.