Елена Јанева ја Воодушеви Струмичката Публика
Синоќа младата пијанистка Елена Јанева го одржа својот солистички концерт во салата НУЦК Антон Панов.
Елена Јанева е ученичка во ДМУЦ Сергеј Михајлов во класата на проф.м-р Марија Максимова.
На концертот, присутните гости во полната сала на Домот на Културата , имаа можност да слушнат дела од познатите музички композитори BACH, MOZART, SATIE , LISZT ,CHOPIN WARREN , DEBUSSY , SARASATE , KHACHATURIAN.
Гости на концертот на Јанева беа нејзините сооученици Верица Ајтовска , Стефан Дичов , Стефанија Тегова .
Фото Сречко Гунчев