Денеска Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Струмица
Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска е во Струмица. Претставници на Министерството за финансии ќе го презентираат проектот во Домот на културата во 17 часот
На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании со понуда на станови, како и претставници од банките кои ќе стојат на располагање за сите прашања на граѓаните.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ држи презентации во градовите низ цела Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.