Општина Струмица се вклучи во одбележувањето на Денот на Локалната акциона група „Беласица Огражден“
Денеска во Мокрино се одржа културно традиционален настан Ден на ЛАГ-от „Беласица Огражден“. Ова е еден од приоритетните проекти кои ќе се реализираат во рамките на Локалната акциона група и заедничка соработка помеѓу општините од струмичкиот микро регион Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.
Целта на овој проект е поттикнување на руралниот развој преку создавање на партнерства на локално ниво помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за заеднички придонес кон руралниот и економскиот развој на регионот и подобрување на квалитетот на животот во руралните подрачја преку промоција и негување на културните и традиционалните вредности во руралните подрачја.
Проектот ќе стимулира производство на традиционална храна, негување на традиционални ора и танци, изработка на традиционални народни носии и културни творби кај руралното население кое ќе придонесе кон поголема промоција на вредностите и можностите на регионот и ќе поттикне развој на руралниот туризам и економскиот развој.