Студенти од UACS презентираа решенија за културен центар во Струмица
Студентите од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS) ги презентираа своите идејни архитектонски решенија за Мултимедијален културен центар во Струмица. Оваа активност е резултат на соработката воспоставена со Општина Струмица. Градоначалникот Петар Јанков ја истакна важноста на партнерството меѓу локалната самоуправа и образовните институции, нагласувајќи дека соработката ги поттикнува креативноста и новите идеи за современ и одржлив урбан развој на градот. На настанот присуствуваа и ученици од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица, од образовниот профил архитектонски техничар. Тие имаа можност да се запознаат со деталите на идејните решенија и со работата на студентите. Презентацијата се одржа на 27 октомври 2026 година.
Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица
