Маркети Здравец и Црвен Крст Успешно ја Реализира Хуманитарната Акција

Вчера во организација на маркетите Здравец и Црвен Крст од Струмица успешно ја реализираа хуманитарната акција наречена Нека знае мама, дека не е сама.
Идејата ја потикнале сопствениците на маркетите Здравец, кој долго време живеле во Италија каде вакви хуманитарни акции се одржувале доста често.

Младиот сопственик Филип Мицевски, изрази голема благодарност за сите струмичани кои се вклучија во оваа акција, како и за голем број на фирми кои несебично донираа од своите продукти. Мицевски исто така кажа дека, маркетите Здравец и понатаму ќе организираат вакви хуманитарни акции, се со цел да им се помогне на најзагрозените семејства.


Мицевски упати и апел и другите фирми да се вклучат во вакви акции, се надева дека оваа нема да биде последна акција како и тоа дека маркетите Здравец во соработка со Црвениот Крст и понатаму ќе реализираат повеќе заеднички проекти.


Според, Заге Каменчева од Црвен Крст-Струмица, ваква хуманитарана акција се случува за прв пат и покрај тоа што Црвениот Крст имаа соработка со повеќе маркети во градот,посебна е затоа што ова акција се случува на иницијатива на семејството Мицевски кои се спопственици на маркетите Здравец.
Каменчева истакна голема благодарност за сите што донираа во оваа акција, интересот беше доста голем и се собраа доста пакети кои ќе бидат наменети за сите самохрани мајки.

Напишете коментар