Збогум Top Gear, Добредојде Gear Knobs
Новата емисија на бившите водители на Top Gear, Џереми Кларксон, Ричард Хемонд и Џејмс Меј ќе се вика Gear Knobs.Емисијата ќе почне да се емитува на интернет каналот на Amazon.
Според договорот планирано е да се снимат 3 сезони со по 12 епизоди.
Почетокот на емисијата е планиран во текот на 2016 година. Водителите највуваат уште подобра емисија, и се надеваат дека ќе го привлечат вниманието на гледачите.
Според договорот, Џереми Кларксон ќе инкасира 10 милиони фунти годишно, со што ќе стане најплатениот водител во Велика Британија, додека пак неговите колеги ќе инкасираат по 7,2 милиони фунти.