Денеска, група на граѓани од Градско Балдовци одржаа прес конференција на која соопштија дека Градско Балдовци со години е игнорирано од страна на градоначалникот Заев.
Тие изјавија дека секои избори тој им ветува, културен дом, пензионерски дом како и детско игралиште но еве до сега нема ништо реализирано.
Во продолжение еве го интегралниот текст од денешната прес конференција…
Почитувани, Заев е рекордер за неисполнети и лажни ветувања. Заев е човек кој на граѓаните мисли само пред избори. После избори за него се важни само тендерите и парите. Зоран Заев е единствениот градоначалник во државата кој не комуницира со граѓаните од својата општина, а пример за тоа е и Градско Балдовци, населеното место кое со години е игнорирано од Зоран Заев. После секои избори, Градско Балдовци не постои во меморијата на Зоран Заев. Истиот тој Заев кој за ова населено место ветуваше многу проекти, се однесува како да не постои веќе Градско Балдовци. Зоран Заев за ова населено место, вети реконструкција на културниот дом и изградба на детско игралиште. Проекти кои според неговите зборови требаше да се реализираат уште во 2013 година. Но и денес после три години од овие ветувања нема ништо. Градско Балдовци е составен дел на Струмица. Граѓаните на Градско Балдовци не се граѓани од втора категорија и не заслужуваат Зоран Заев на ваков начин да ги лаже, потценува и омаловажува. Никој нема право вака да се однесува со граѓаните на Струмица. Станува повеќе очигледно дека Зоран Заев плива во своите сопствени лаги и никако неможе да излезе од неговиот свет на лаги. Со сите неисполнети ветувања јасно се гледа дека овој човек за да дојде до позиција е спремен бесрамно да лаже а потоа и бесрамно да не исполни ништо од ветеното. Тоа е стилот на Заев. Тоа е начинот на кој овој човек работи. Лаже дека нешто ќе направи а кога ќе дојде на позиција ниту работа ниту исполнување на ветувањата. Тоа е Зоран Заев. |
|