“Остави печат на твоето постоење – Проект на УМС Босилово
Голем број на млади луѓе во организација на УМС неколку месеци се ангажираа во собирање на експонати за изложбата што е отворена во Центарот за рурален развој во КУД „Кирил и Методи“ – Моноспитово. Младите ги донираа овие предмети со архаична домаќинска употреба со цел да испратат порака дека умеат да препознаат печат на секое време и постоење. Станува збор за збирка од над стотина експонати кои го опишува животот во оваа рурална средина, пред повеќе од еден век. Овие предмети само докажуват дека нашите предци трудољубиво го изградиле сето она што денес е основа на модернизација на средината. Сите предмети не само што беа изложени туку за момент го оживеа старото домаќинство во рацете на младите од Босилово пред бројна публика и објективот на медиумите. Еве што изјави Жика Митев Претседател на УМС Босилово на отварањето.
Младите од општина Босило денес ја отвараат оваа изложба под мотото „Остави печат на твоето постоење“. Општина Босилово е урбана општина која брзо се модернизира, но младите знаат да ја почитуваат традицијата, нивните вредности и симболи кои се печат на постоењето на претходните генерации, а на нас младите ни останува со чесно работење да оставиме печат на нашето време. Оваа изложба ја собраа младите од Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Босилово преку прилози од домаќинствата.“ – изјави претседателот на УМС во Босилово, Жика Митев.