Со поддршка на општина Струмица се реализира проектот „Јо-Јо Аудиција“
Здружението за заштита и промоција на правата на децата, ЈО-ЈО Кидс, започна со подготвителните активности за проектот „Јо-Јо Аудиција“. Проектот оваа година е поддржан од општина Струмица преку G1 програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2015 година и има за цел да ги охрабри дечињата да го покажат својот талент и способност.
Според Мери Јанчева, претседател на здружението, предвидено е проектот да трае седум месеци, а започна од месец јуни годинава.
-Подготвителните активности кои опфаќаат екипирање на потребниот персонал за реализација на проектот, ажурирање на статистички податоци за учениците од секое училиште, изработка и одобрување на план за активности на проектот и изработка на информативен материјал за проектот се при крај. Овој месец, започнуваме со наредната фаза – информирање на целната група и почеток на аудициите низ училиштата во општина Струмица. Проектот е предвидено да заврши до крајот на 2015 година со организирање на завршна манифестација за финалистите од Аудицијата, рече Јанчева.