Водата од чешмата на Стадионот во Струмица е безбедна за пиење

Општина Струмица ги известува граѓаните дека водата од чешмата на Стадионот, која се напојува од бушен бунар, е исправна за пиење. Според анализата спроведена од Центарот за јавно здравје – Струмица, микробиолошкиот и физичко-хемискиот лабораториски наод покажуваат дека испитаниот примерок одговара на законските технички прописи согласно Правилникот за безбедноста на водата. Во водата не е утврдено присуство на микроорганизми, ниту пак на физички или хемиски супстанци штетни по здравјето на човекот. Оваа информација е објавена на 22 октомври 2026 година.

Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица

Напишете коментар