Русалиите од Секирник ја Продолжуваат Традицијата
Синоќа во селото Секирник по 6 пат се оддржа средба на Русалиите.
Со примање на благослов во црквата посветена на св.Богородица, започна традиционалнта средба на Русалиите.Оваа година овој настан го збогатија присуството на фолклорни групи од Бугарија,Грција,Македонија.
Големиот број на гости. имаа можност да уживаат во прекрасните интерпретации на фолклорните групи.
Оваа е вековна традиција која мора да продолжи да се негува,почетоците биле тешки,но организаторите се задоволни што овој настан почнува да се наметнува и интересот се зголемува од година на година.
Овој настан е под покровителство на општина Босилово и градоначалникот Љупчо Колев,како и од министерството за култура.
Градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев, изјави дека општината и понатаму ќе продолжи да ја подржува оваа културна манифестација.