За Денеска е Закажана 30 Седница на Советот на о.Василево
На 26.08.2015 година (среда) со почеток во 13,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 30-та Седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево.
2. Предлог-одлука за пристапување на општина Василево како соосновач на Здружение „Локална Акциона Група Беласица – Огражден“.
3. Давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
4. Давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
5. Предлог-одлука за утврдување на потреба од определување на заштитни зони за водно тело акумулација „Турија“.
6. Финанасиски извештај на ЈПКД „Турија“ Василево за првото полугодие (до 30.06.2016 година).
7. Донесување на Одлука по барањето за спонзорство поднесено од ЛД „Фазан“, Василево.
8. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за земјоделие и заштита на животните и растенијата.
9. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за урбанизам , комунални дејности и заштита на животната средина.
10. Донесување на одлука по барањето за финансиска поддршка поднесено од Пингпонгарскиот клуб за лица со инвалидитет „Астраионспорт Плус„ од Струмица.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.