Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. STRABAG известува дека од 24.11.2026 (Вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на Клучка Бучим ќе се одвиваат градежни активности. Ќе се менува оштетена еластомерна дилатација на мост на km 26+913. Поради извршување на работите, ќе бидат поставени семафори и сообраќајот ќе се одвива наизменично. Возачите се повикани да прилагодат брзина и да внимаваат на поставената сигнализација.
Извор: АМСМ
