„Комуналец“ и денеска ги миеше улиците во централното градско подрачје
Во рамките на редовното одржување на јавната чистота во градот, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска ги миеше булеварите и улиците во централното градско подрачје каде што фреквенцијата на луѓе и возила е најголема.
Миењето се врши секој втор ден во раните утрински часови.