Досега невидена градежна експанзија во Струмица
Во последните неколку години и се случува градежна експанзија на Струмица.Стотици станови се изградија во рекорден период.Отварањето на урбанистичките планови во старата касарна ја раздвижија градежната оператива.Секојдневно стануваме сведоци,како за кусо време никнуваат стамбени објекти.Градежниците велат дека покрај купувачи од струмица ги има и од соседните општини но сепак најголемиот број на купувачи се гастербајтерите. Иако цените се движат од 650 до 750 евра по квадрат за полуксузните станови, продожбата оди со добра динамика.Компаниите со кои контактиравме денеска велат дека има сеуште простор за пофлексибилни цени доколку се влијае на некои параметри. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2015 се издадени 210 одобренија за градење. Во Јуогоисточниот плански регион се издадени вкупно 23 одобренија за градба, од кои 15 се на физички лица, а 8 на деловни субјекти. Во струмичките општини се издадени 11 одобренија за градба, 8 во општина Струмица (4 на физички лица и 4 на деловни субјекти) и 3 (сите на физички лица) во општина Василево. С.М