Планк Вежба за Издржливост

„Издржливост“ е една од најефикасните вежби за јакнење на средишниот дел од телото. На почетниците оваа вежба најверојатно им изгледа дека е многу едноставна, па најчесто ја прескокнуваат. Ваквите вежби го топат салото и ги јакнат мускулите на грбот и стомакот, задникот, рацете и нозете.

 

Ако сакате да имате тело на топ модел, следете ги овие утрински парвила! Насоки:

 

„Планк“ е всушност вежба за издржливост во горната позиција на склекот, а мускулите работат на сличен начин како и при склековите – ниту се издолжуваат ниту се собираат, туку длабински се јакнат и стануваат поиздржливи.

 

„Планк-предизвикот“ е осмислен така, да низ четири седмици постепено се зголемува времето на оваа вежба за издржливост. Се започнува со 20 секунди, а конечната цел е постигнување на четири минутен непрекинат „планк“. Во завршната фаза, вашето тело ќе биде подготвено и за поголеми предизвици, а мускулната маса ќе биде понагласена.

Кај вежбата „планк“ е најважно – правилната  положба за изведување. Кога ќе ги подигнете лактовите и ќе се потпрете на ножните прсти, најважно е горниот дел од телото да ви биде во рамна линија.

Преземено-NMD.MK

Напишете коментар