Градоначалникот Заев оствари средба со Гжегож Рејер од Груец, Полска
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска оствари средба со Гжегож Рејер, директор на Центарот за култура во Груец, Полска. По размената на промотивни материјали, градоначалникот Заев и Рејер разговараа за досегашната соработка, а ги разгледуваа и можностите за нејзинот продлабочување особено во областа на културата во која и Струмица и Груец имаат богата традиција и перспектива за понатамошен развој.
Општина Струмица и Груец во 2012 година потпишаа Меморандум за продлабочување на соработката во областа на економијата, културата и спортот. Во рамките на досегашната соработка остварени се повеќе средби на различни нивоа во Струмица и Груец.