Во Јули Решени 133 Проблеми Преку „Систем 48“
Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јули, биле примени вкупно 159 пријави од граѓаните на општина Струмица. Од нив решени се 133, а останатите 26 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите 98 се од областа на уличното осветлување, 21 за собирање смет, водовод и канализација 23, а останатите се од други области.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.