„Комуналец“ го довршува потпорниот ѕид на поројот „Крушевска Република“
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ја довршуваше работата околу потпорниот ѕид во поројот „Крушевска Република“ на кружниот тек кај ЕВН. Имено, се пополнуваше празниот дел, а се поставија и рабници на коловозот. Оваа интервенција беше неопходна, бидејќи камениот ѕид беше поткопан и постоеше опасност од поткопување на улицата што би предизвикало уште поголема опасност.
Овој потпорен ѕид е изграден минатиот месец, а пред него се направени уште два на овој порој.