Градоначалникот Заев и Струмичани Уживаа во Понудата на „Струмица опен фест“
Поетите Никола Маџиров и Ристо Лазаров рецитираа дел од своето богато творештво на втората поетска вечер која што се одржа во прекрасниот амбиент покрај езерцето во големиот градски парк. Меѓу своите сограѓани, љубители на убавиот пишан збор, беше и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев со членови на Советот и негови соработници. Покрај Маџиров и Лазаров стихови рецитираа и поетите чии творби се наградени на литературниот конкурс насловен „Небо“. Истовремено и на истата локација граѓаните имаа прилика да уживаат во прекрасната глетка преку телескоп.
Во рамките на третата вечер на „Струмица опен фест“ во амфитеатарот се одржа завршен концерт на летната школа за класична гитара, а на сцената во дворот на АРМ младите уживаа во музиката на Foolish Green.
Вечерва на програмата се настапите на ансамблот „Тримери“ на сцената во дворот на АРМ и на „Распеани струмичани“ во амфитеатарот, а љубителите на афоризмите ќе можат да уживаат во нив покрај езерцето во големиот градски парк.