Роднокрајни Поетски Средби по Шести Пат
Во падините на Беласица,во селото Старо Коњарево во прекрасната идила на воденцита на Ѓурга се одржаа шетите родокрајни поетски средби.
Специјална гостинка на овие средби беше Дениса Дуран, поет, преведувач и културен менаџер од Букурешт, Романија! Таа е дел од резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа „Готен“, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги „Традуки“.
Дениса Дуран минатата година на романски јазик го преведе македонскиот поет Никола Маџиров, при што неговите песни излегоа во неколку романски списанија. Нејзиниот престој во Македонија ќе го искористи да се запознае со македонската книжевност и да продолжи да преведедува и да застапува македонски поети во романските книжевни кругови.
Со уште едно ново издание на „Роднокрајни поетски средби“, „Контекст – Струмица“ докажува дека има тенденција да стане препознатлив настан на кој ќе се промовираат автори од Струмица и пошироко. Настанот има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да ѝ понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будни уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.