Пензионерите со Рекација до Камперите
Денеска во малиот градски парк,пензионерите реагира на камперите кои што го запоседнаа паркот од политички причини,а со тоа го оневозможуваат правото овој парк да се користи за намената за која е направена.
„Сакам од мое лично име и од името на многу пензионери кои живеат во овој град, да го изразам големото незадоволство од грдата слика на малиот Градски парк. Овој парк, од гордост на Струмица и струмичани, од омилено место на многу граѓани од различни генерации, во последните неколку месеци се претвори во нешто од кое сите се срамуваме. Малиот Градски парк е окупиран од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за свои политички цели, и со тоа овој парк ја изгуби својата функција и намена. Секоја политичка партија, без разлика како се вика и без разлика дали е на власт или не, има право да протестира на било каков начин, но не и да ги загрозува потребите и интересите на граѓаните. Политиката нека си ја водат политичарите, ама нормалниот живот треба да им остане на граѓаните. Револтирани сме, не само што скоро поливина од паркот им е одземен на граѓаните, туку и затоа што тревата на овој дел, каде што се поставени шаторите, е веќе уништена, а се уништуваат и сите други убавини на паркот. Срамота и греота е она што и е дозволено на една партија да се изживува врз убавината на малиот парк. Овој парк е направен од парите на сите граѓани на општина Струмица и не смее да се уништува само за „ќејфот“ на неколку луѓе. Секој ден поминувам покрај паркот и со жалење гледам што се случува. Тука освен шаторите, или нема никој или има еден, двајца до најмалку пет луѓе. Се прашувам, вреди ли за тоа, тие неколку луѓе, да страдаат стотици и илјадници граѓани на Струмица. Драги сограѓани од ВМРО-ДПМНЕ, политиката не’ не интересира, но апелирам до вас, ако малку си ја сакате Струмица, ако малку не почитувате нас граѓаните, тогаш под итно вратете им го паркот на децата, на младината, на мајките со бебиња и на нас пензионерите. Вие продолжете со вашата политика, но оставете не нас да уживаме во она што за сите нас е направено“ – изјави Костадинка Витанова, пензионерка од Струмица.