Одржана триесета Седница на Советот на општина Босилово
Денес беше одржана 30-та седница на советот на општина Босилово.
На дневниот ред имаше вкупно шеснаесет точки од кои две не поминаа на Советот и тоа точката под реден број 3. Разгледување на барањето на ФК Хоризонт Турново за финансиска подршка за подготовки за сезоната 2015-2016 година на ПМФЛ и точката под реден број 15. Предлог-одлука за доделување на благодарници на локалните медиуми за успешна соработка и остварен допринос во развојот на општина Босилово.