Митрополит Наум-Покајание
Да пишува некој за покајанието е како да се осмели да пишува за Богородица. Но, човек понекогаш самиот себе мора да се изложи на потсмев поради учителското место во Црквата.
Ќе ја објаснам, накратко, главната карактеристика по која се препознава покајанието.
Тоа е восогласеноста на начинот на живот со степенот од духовниот развој (очистување, просветлување или обожение) на кој човек се наоѓа. Или, свесност дека не сум учител, туку ученик. Не сум заповедник, туку исполнител. Не сум судија, туку обвинет. Односно, смирение до пекол.
Што значи, апсолутно или целосрдечно послушание кон духовниот отец до доволно очистување и отворање на срцето за дарот на умно-срдечната молитва. Не и потоа.
Исто и, екстремно туѓинување и анонимност, барем до некој напреден стадиум на умно-срдечната молитва и просветлувањето на умот, и дарот на духовен разум за расудување на нештата.
Дарувај ни, Господи, барем аскетско, кога веќе е далеку од нас благодатното покајание.
(дел од беседата на Митрополитот Струмички Наум)