Градоначалникот Јаневски на средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние
Градоначалникот Коста Јаневски, оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние. Освен за односот на двете држави кој што беше оценет како пријателски со заеднички желби за унапредување на напредокот кој што Република Северна Македонија го покажа во последните три години, на средбата се разговараше и за реализација на општински проекти преку француската Агенција за развој од областа на животната средина, урбанизмот и образованието. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и секретарот на Општината, Александар Оџаков.