„Стариот кружен тек“ и “Паркот на бежанците“ се подготвуваат за хортикултурно сеење
Одделението за одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ изминатиов период активно работи на припрема на зелените јавни површини на територијата на Општина Струмица за пролетното хортикултурно уредување. Освен тековната акција на засадување нови и обновување на постоечките дрвореди со висококвалитетни листопадни садници од сортата јавор, денес се изврши подотовка на теренот на „Стариот кружен тек“ и “Паркот на бежанците“.