„Костенијада 2018,,
На 04.11.2018 година , недела , по 9-ти пат се одржа Фестивал на Смоларскиот костен „Костенијада 2018“, традиционално овошје кое е заштитен знак на селото Смоларе. Манифестацијата ја отвори заменик градоначалник , Горан Цветков.
– ” Овој настан пред се е промоција на природните убавини со кои изобилува нашата општина но, и афирмација на костените како овошје кое треба да се конзумира и е карактеристичен за село Смоларе.
Оваа традиционална Костенијада за прв пат беше оддржана во 2010 година како идеја на тогашниот градоначалник Petar Spasov но, продолжи да се организира и во организација на наредните градоначалници и денес имаме можност да уживаме во овој навистина убав настан кои ги спојува природните убавини и традицијата.
Предмет на оваа убава манифестација е печениот Смоларски костен , кој е заштитен белег на жителите од село Смоларе, а сега веќе и на овој настан. ” – изјави заменик градоначалникот , Горан Цветков.
Денеска домаќинките меѓусебно се натпреваруваат кој ќе направи повкусен кулинарски подвиг. Велат дека Смоларскиот костен добро се продава на пазарите. На манифестацијата присуствуваа гости од Македонија, соседна Бугарија, претставници на Владата и општините од регионот , како и посетители од цела Македонија. Целта на манифестацијата е презентација на повеќе производи направени од надалеку познатиот Смоларски костен, но и на други локални производи, пијалоци, рачни изработки и други кулинарски вештини и етнолошки вредности карактеристични за оваа поднебје.