КНИЖЕВНА НАГРАДА „ГОРАН БУЈИЌ“ ЗА СУЗАНА МИЦЕВА

Македонската поетеса и новинарка Сузана Мицева е добитник на наградата „Горан Бујиќ“ во категоријата млади книжевници – новинари што ја доделува хрватското Друштво на писатели и неговиот задарски огранок.

Во останатите категории наградата „Горан Бујиќ“ се доделува на писателот и новинар прим. д-р Мирко Јамнички Дојми.

Во категоријата книжевник – новинар вон границите на Хрватска добитник е црногорскиот поет и новинар Борис Кастел.

Награда за животно дело ја доби Анте Грегов – Јурин.

Секоја година се доделуваат и книжевни награди „Донат“ за придонес во развојот на хрватската книжевност.
Наградата е основана од хрватското Друштво на писатели и неговиот задарски огранок во организација со весникот „Задарски лист“ во чест на прерано починатиот писател, новинар, критичар, есеист и уредник Горан Бујиќ.

Книжевната награда се организира секоја година на 28 ноември на роденденот на Бујиќ, а годинешното доделување на наградите е на 30 ноември во градската библиотека во Задар. Доделувањето ќе биде во рамки на книжевна вечер на којашто ќе се зборува за делото на Горан Бујиќ, но и за творештвото на наградените автори.

Напишете коментар