Драган Јованов, Mоника Јованова- Македонска современа фитомедицинска терапија при стрес, анксиозност и депересија

Симптоми кај депресија
Кај тешка депресија, можеби ќе почувствувате четири или повеќе од следните симптоми:
– Долготрајна тага, песимизам
– Чувство на вина
– Безвредност
– Беспомошност и безнадежност
– Губење на интересот за вообичаените активности, вклучувајќи го сексуалниот нагон, или неможност за наоѓање задоволство во нив
– Отежната концентрација
– Несоница или претерано спиење
– Дебелење или слабеење
– Замор, недостиг на енергија
– Анксиозност, вознемиреност, раздразливост
– Размислување за самоубиство или смрт
– Забавен говор, забавени движења
Кај децата и адолесцентите:
– Несоница, замор, главоболка, болка во желудникот, вртоглавица
– Безволност, повлекување во осаменост, слабеење
– Злоупотреба на дроги или алкохол
– Намалување на успехот во училиште
– Отежната концентрација
– Осамување од пријателите и семејството
Кај дистимијата (полесна, но хронична депресија) симптомите ќе бидат полесно изразени, ќе има помалку, но ке траат подолго.
Ако вас или вашето дете ве обземаат мисли за самоубиство или покажување други знаци на тешка депресија или дистимија, лекарот може да помогне (психологот или психијатарот)
Забелешка: Постои јасна разлика меѓу депримираност (т.е моментално депресивно расположение или потиснатост) и проблемот со депресија. Ако извесно време се чувствувате потиснати, немојте да се загрижувате. Но ако чувствувате дека не можете да го совладате својот очај, побарајте помош.
Речиси сите понекогаш се чувствувате потиснати, обично поради некоја вознемирувачка случка во вашиот живот. Депресијата што трае, како на пример тешката депресија е поинаква работа. Депресијата во некој свој облик зафаќа 25 проценти од сите жени, 10 проценти од мажите, и 5 проценти од адолесцентите во целиот свет.
Се работи за најзачестениот психолошки проблем, кој на пример во САД зафаќа околу 17, 6 милиони луѓе секоја година.
Кај нас во Република Македонија скоро секој 3 човек страда од некој облик на депресија, стрес, анксиозност како сакате наречете го, со што тоа е доста голема бројка, најчесто тешка финансиска сиромаштија, тешкиот начин на живот, загуба на некоја блиска личност, депресија поради тешка болест, или некое разочарување проследено со депресивни моменти односно анксиозни испади и слично.
Депресивнната реакција (лесна или често привремена депресија) опфаќа нормални чувства на депримираност или постојаност кои се јавуваат како последица на специфични животни состојби. Симптомите можат да бидат тешки, но лекување обично не е потребно и тие со време се смируваат, по две недели до 6 месеци.
Дистимија (лесна, хронична депресија) слично на депресивната реакција според своите симптоми и степенот на страдање, трае подолго-најмалку две години.
Тешка депресија, или депресивна болест, е сериозно нарушување што може да доведе до неможност за дејствување или дури и самоубиство. Болните не само што поминуваат низ периодот на потиснатост и лошо расположение, туку покажуваат и потешки симптоми, вклучувајќи ги и зигубените интереси за вообичаени активности., крајниот замор, тегоби во спиењето, или чувство на вина и на беспомошност. Кај нив е поголема веројатноста дека ке ја изгубат врската со реалноста, понекогаш добиваат хаулцинации. Тешката депресија обично се појавува спонтано, навидум не е предизвикана од ништо, и често изчезнува, исто така сама од себе, обично за 6 до 12 месеци. Поради нејзиното онеспосувачко дејство или можноста за самоубиство, тешката депресија треба да се лекува. Депресијата може да се појави во секоја возраст, вклучувајќи го и детството. Периодот од животот во кои болеста често настапува се почетните средни години, а депресијата е многу раширена меѓу постарите луѓе, како реакција на фактите поврзани со стареењето, смрта на сопружникот или пријателот, телесните ограничувања поврзани со возраста и соочувањето со смрта. Постарите вдовци се склони кон самоубиство.
Причинители
Депресијата е здравствен проблем за кој изгледа има различни причинители. Депресивната реакција или нормалната депресија се јавува како последица на одредена случка. Депресивните расположениа можат да бидат придружени со појава на примање на некои лекови, хормонски промени (на пр. Менструација или по породувањето) или телесни заболувања, како што се грипот или вирусна инфекција.
Иако вистинските причинители на тешката депресија и дистимија не се познати, денес истражувачите сметаат дека двата облика се последица на нарушувањето на нервните преносници или невротрансмитери во мозокот, особено на серитонинот кои го потикнува расположението. Изгледа дека ова нарушување има силна генетска компонента: при едно испитување 27 проценти на деца со депресија имале блиски роднини кои имале вакви здравствени проблеми со нарушување на расположението.

Испитувањата покажале дека 74 проценит од луѓето кои побарале помош поради депресија одат на лекар од примарна здравствена заштита, а во 50 проценти од тие случаи се поставува погрешна дијагноза. Постарите луѓе се во најголема опасност од тоа кај нив да се предвиди депресија или да се постави погрешна дијагноза.
Поради овие причини неопходно е да се посоветувате со психијатар или психолог заради дијагноза и понатамошно лекување.
Лекување
Многу начини на лекување алтернативни и конвенционални се достапни во случај на депресија. Начините на лекување може да се разликуваат со оглед на причините за депресија и нејзината тежина.
Многу алтернативни начини на лекување се делотворни, особено кај полесните облици на депресија. Кај потешките начини на депресија се сметаат како дополнителни начини за лекување. За тешка или хронична депресија е неопходно да ја лекува психијатар.
Освен споменатите начини на лекување би можеле да размислите за акопресура или акопунктура кои можат да помогнат при смирувањето на некои симптоми.
Масажата која смирува и дава енергија и го засилува закрепнувањето на организмот, може исто така да помогне. Направете ја еднаш неделно ако сте во можност.
Фитоароматерапија
Фитоароматерапијата може да го ублажи менталниот замор и да помогне при спиењето. Етеричните масла кои можат да помогнат при депресија се босилок, жалфија, јасмин, роза и камилица.
Телесни вежби
Телесните вежби е неопходно да бидат составен дел од секое лекување на депресијата, со нив се подобрува движењето на крвта во мозокот, се подобрува расположението и се ублажува стресот. Испитувањата покажуваат дека 30 минутно трчање 3 пати неделно може да биде еднакво на делотворно лекување на депресијата како и психотерапија.
Психоматско лекување
Многу психоматски начини на лекување помагаат при депресија. Музиката и танцот можат да го подигнат расположението и да му дадат енергија на телото. Медитацијата и техниките за олабавување, како што е прогресивното олабавување на мускулите истовремено стимулираат и олабавуваат. Во други начини се вбројува и јогата. Одберета една од нив и применувајте ги секојдневно.

Исхрана
При депресија правилната исхрана е многу важна. Зголемете го внесот на здрава храна, како што се интегралните житни растенија, немасно месо, овошје и зеленчук, рибите и млечните производи со мала масленост. Алкохолот строго се забранува. Во тој период одречете се од готовите јадења, шеќерот кофеинот кои предизвикуваат ненадеен пораст на енергијата или чувство на еуфорија, а потоа доаѓа до сосема поинаков ефект.
Преку научните испитувања се упатива на тоа во тој тежок период да се земаат витамини од Б групата, фолна киселина, селен. Добар се покажал триптофанот, кои можете да го најдете во одредени видови храна (мисирка, пиле, риби, варен грав, грашок, пивски квасец, ореви и соја). Треба да консумирате храна со јаглехидрати (компир, тестенини, ориз и др) кои го олеснуваат влегувањето на триптофанот во мозокот.
Превенција
Некои облици на депресија може да се спречат, па во една понова теорија се тврди дека можеби ги предизвикува неврохемиското нарушување во мозокот. Постојат уверливи докази дека депресијата често може да се ублажи или спречи со навиките за здраво живеење. Правилната исхрана, телесните вежби, одморот, одбегнување на прекувремена работа и одвојување време за работите што уживате да ги правите, ги намалуваат изгледите за појава на депресија.
Внимание
Депресијата не е знак на емоционална слабост. Тоа е здравствен проблем со физиолошки и психолошки причинители. Повеќето случаи на депресија поминуваат недијагностицирани и нелекувани често поради тоа што луѓето се жалат само на некои симптоми, па лекарите од примарната здравствена заштита не ги разгледуваат можностите за депресијата како причинител. Ако подолго време страдате од тегоби опишани како симптоми на депресија, немојте да се двоумите побарајте помош од психијатар или психолог, кои вашиот здравствен проблем можат да го дијагностицираат правилно, и исправно да ве лекуваат.


Анксиозност
Симптоми
– Срцеви палпации
– Чувство дека ке ви се слоши
– Неможност да се концентрирате
– Напнатост на мускулите, болка во мускулите
– Пролив
– Болка во градите
– Сува уста
– Прекумерено потење
– Прекумерено јадење или недоволно јадење
– Несоница
– Раздразливост
– Задишаност, хипервентилација
– Губење на половата желба
Кај деца во училиште
– Страв од одвојување од семејството
– Одбивање да се оди на училиште
– Страв од непознати
– Непотребна загриженост
Речиси сите одвреме навреме се чувствуваме анксиозно. Кога постои некоја закана, тегоба или анксиозност, таа е природна појава тесно поврзана со начинот на кој организмот се подготвува за соочување со опасноста: во крвотокот се ослободуваат адреналин и кортизон, се забрзуваат отчукувањата на срцето, дишењето станува поплитко и побрзо, мускулите стануваат напнати, црниот дроб ослободува шеќер, а психата е сосема будна и подготвена.
Се препознаваат многу различни нарушувања на анксиозност. Меѓу нив се фобиите, панични напади, опсесивно-компулсивно нарушување, пострауматско стресно нарушување.
Некои облици на анксиозност се многу тешки за лекување, други добро реагираат на лекови психотерапија и алтернативни начини на лекување.
Не дејствува самолекувањето со алкохол или со стимулативни средства за да се ублажат симптомите. Многу луѓе грешат кога го избираат тој пат, но на крајот само ке си ја влошат состојбата.
Причинители
Анксиозноста може да биде последица на претпознатлив стрес како што е несреќа, смртен случај во семејството или губење на работното место, во тие случаи приспособувањето кон состојбата со текот на времето ке дејствува. Во други случаи стресот е невидлив-зачувано сеќавање на некој несреќен случај или застрашувачки случај од детството, кои демне под површината на свесното и го открива своето постоење на анксиозноста.
Дијагностички постапки
Првиот чекор е да се исклучи можноста дека тегобите ги предизвикува некоја органска болест. Меѓу болестите кои создаваат симптоми слични на анксиозност се вбројуваат:
– Хипертиреодизам
– Хиперкалцемија или хипокалцемија
– Болест на коронарните артерии
– Такихардија и др
Ако не може да се најде никаков органски виновник, а симптомите дејствуваат несразмерно на каква било состојба со која се соочувате, оваа состојба ќе се смета како нарушување од анксиозност.
Лекување
Анксиозноста може да се лекува со конвенционална, фитомедицина и психотерапија. Комбинација на конвенционални и алтернативни методи честопати е ефикасна.
Фитоароматерапија
Се смета дека фитоароматерапијата е многу делотворна кај анксиозноста. Побарајте етерично масло од лаванда, јасмин или камилица. Ставете капка до две на марамче и вдишете, или инхалирајте пареа од маслото или капнете во топла бања од пареа. Или пак можете да ја ставите капката на слепоочниците.
Лекување со лековити билки
Камилица, маточина, цветови од липа се сметаат за слаби средства за олабавување и смирување. Маточината е особено добра за пречките во варењето поврзани со анксиозноста. Скутеларијата е многу посилна, а валеријаната, хмељот и пасифлората имаат уште поголемо дејствување на централниот нервен систем. Последниве три помагаат при несоница и можат добро да се комбинираат. Но хмелот не смее да се употребува при голема депресија, а валеријаната за да биде ефикасна мора да се употребува во поголеми дози (пола до една лажичка тинктура) Ако анксиозноста е поврзана со палпациите, употребувајте обичен срченик. Ако е поврзана со висок крвен притисок употребувајте маточина и цветови од липа.
Лекување или самопревенција дома
Секојдневно вежбање може да биде еден од најмоќните облици на лекување на симптомите на анксиозност.
Ако забележите дека кај вас дејствува телесната вежба, одете на динамични прошетки или почнете активно да се занимавате со спорт во кој уживате.
Дополнителните количевства на магнезиум помагаат, особено ако страдате од стегање на мускулите. Не земајте над 300 г трипати на ден, премногу магнезиум може да предизвика пролив.
Избегнувајте го алкохолот и намалете го внесот на кофеин и шеќер.
Маточина (Melisa officinalis)
Mаточината е повеќегодишно зелјесто растение високо од 30 до 120 cm. Стеблото е исправено и се издигнува. Листовите се распоредени паралелно, со дршки, и се јајцевидни, назабени со рабови, малку влакнести. Целото растение, а особено кога ќе се изгмечи листот, дава интензивен, мошне пријатен мирис кој потсетува на лимон. Цветовите се бели, бледо розови или жолтеникаво-бели, сместени во пазувите на листовите. Маточината е една од ретките билки, која истовремено е лековита, миризлива, украсна, зачинска, медоносна и индустриска. Расте во дворовите, покрај населбите, покрај оградите во шумите итн. Се одгледува и како култивирано, лековито и ароматично растение, а во парковите и како украсно растение. Цвета од јуни до септември, а се размножува со семе, но подобар успех се постигнува со разделување на грмушките и расадување. Мошне лесно се одгледува. Од маточината најмногу се цени листот затоа што во другите органи има помалку лековити состојки, освен во цветот, но цветовите се малобројни, така што, тие и немаат некоја практична примена. Најважна лековита состојка на маточината е лесно испарливото и миризливо етерично масло. Маточината е благ, добар и мошне пријатен лек против надување во органите за варење, против невралгија, хистерија, неврастенија, гадење, повраќање и пролив, за закрепнување на организмот. Самиот лист на маточината, а уште повеќе ако е измешан со горчливи треви, им го подобрува апетитот на изнемоштените, а се користи и како додаток во купките против невралгија и ревматизам. Маточината помага кај срцевите заболувања, кај нервите и емотивните нарушувања и против меланхолија. Исто така, ова растение се применува против болести на дишните органи. Маточината е ефикасно средство против убод од пчели и оси. Чајот од маточина се употребува надворешно за плакнење на устата при воспаление на непцата. Смирува и ги отстранува кошмарите во сонот. Етеричното масло од маточина има мошне пријатен мирис, се употребува не само во фармацијата, туку, уште повеќе, во индустријата за парфеми и козметика.
Нане (Mentha piperita)
Питомото нане е најважно од сите други видови нане, бидејќи е најмиризливо, најпријатно и најлековито. Сите други видови нане, кои кај нас растат во изобилство, како диви имаат малку мирисни состојки, па поради тоа, тие не се бараат ни за домаќинството ни за извоз. Листот и мирисното етерично масло од питомо нане го препишуваат сите фармации во светот, и е важна суровина за производство на голем број лекови, хигиенски средства, диететски чаеви, козметички препарати, парфемски препарати и многу други препарати што се во широка потрошувачка на сите континенти. Стеблото е високо до 50 cm, разгрането и четириаголно. Стеблото, дршките од листовите и нервите се сини или виолетово-црвенкави, особено во пролет кога нането никнува од земјата. Листовите се долги од 3 до 9 cm, со јајчесто-копјеста форма, тенки, од горната страна темнозелени, а од долната бледи, а на дното се стеснуваат во дршки кои се долги и до 1 cm. Цветовите се ситни, виолетово-црвени и здружени во повеќекратни пршлени на годниот дел од стеблото и гранките. Нането е мошне миризливо, особено неговиот лист, затоа што во него има најмногу етерично масло, кое во основа го дава пријатниот мирис на ова мошне полезно растение. Нането е едно од лековитите растенија. Тоа е лековито, миризливо, медоносно, зачинско и индустриско растение. За лековитото дејство на нането пишувале Хипократ, Авицена и др. Чајот од листовите на нането го зголемува лачењето на жлездите што учествуваат во варењето на храната, го зголемува апетитот, го поттикнува лачењето на жолчката, ги отстранува спазмите на мазната мускулатура од цревата, жолчката и мочните патишта. Нането успешно се користи против глисти, ја отстранува болката, служи како средство за искашлување и за поттикнување на менструацијата. Исто така, нането го намалува лачењето на млекото, а ако се консумира во големи количини, тогаш доведува до нарушување на сонот. Основна активна материја на нането е ментолот. Ако се нанесува на слузокожата или ако се истрие во кожата, ментолот ги надразнува нервните завршетоци и предизвикува чувство на студенило. Купките со листови од нане се препорачуваат при нервно возбудување, а чајот се користи за плакнење на устата при воспаление на непцата. Препаратите од нане влегуваат во составот на многу лековити средства: валидол, нитроглицерин, капки за заби и еликсири. Консумирањето чај од нане или масло од нане го забрзува излекувањето од половите болести. Чајот од нане или етерично масло се препорачува за бањање на децата што боледуваат од заушки и рахитис. Нането се употребува како пријатен, благ и нештетен лек за смирување, против гасови, надување и грчеви, против тешкотии во варењето на храната во организмот, а влегува во составот на чаевите за лачење на жолчката. Нането, исто така, може да се употребува и во исхраната како одличен зачин за грав и сл.
Забелешка: Нането не треба да се користи во големи количини затоа што големите дози можат да поттикнат бронхоспазми, проблеми со дишењето и болки во областа на срцето.
Валеријана (Valeriana officinalis L)
Валеријаната е долговечно, зелјесто, право разгрането растение со непарно перасти листови. Висока е од 0,5-2 m. Цвета на крајот на пролета и во почетокот на летото. Приземните листови имаат дршка, а горните се седнати. Плодот е голем до 5 mm. Ова растение е распространето секаде, а најмногу на влажни места, покрај реки, потоци, ливади, ридови и планински предели во Европа и Азија до Јапонија. За подготовка на лек од валеријана се собира коренот, и тоа во есен. Чајот од коренот на валеријаната се употребува кај сите нервни заболувања. Одлични резултати се постигнуваат при епилепсија, хистерија, хипохондрија, грчеви околу срцето (при астма), болки во желудникот, цревата и др. Се препорачува за лекување на нервни главоболки, мигрена, вртоглавица и повраќање.
Се употребува на три начини: при општа вознемиреност, нервоза и несоница, кои се јавуваат како последица од нервози, особено за време на нервни срцеви тешкотии проследени со силно чукање на срцето. Воопшто, при појава на пречки во варењето на храната поради нервози, односно при недоволно лачење на секрети при нервоза предизвикана од грчевити состојби на мачнина, при нервозни повраќања и грчевити напади поради собирање гасови – чајот од валеријана е многу добар природен лек. Освен тоа, овој чај воопшто не е штетен, а тој е испробано средство и за одвикнување од употребата на алкохол и никотини. Чајот од валеријана не смее да се употребува повеќе од 3 недели, а потоа е потребно да се направи пауза од 5 недели. Валеријаната го намалува притисокот и успива, па затоа во случај на низок крвен притисок, подобро е да се употребува чај од глог наместо чај од валеријана.
Чај од смеса за нерви: потребно е 30 g валеријана, 30 g листови од нане, 40 g листови од горчлива детелина. Една голема лажица од оваа мешавина да се прелие со 2,5 dl зовриена вода, потоа да се остави да стои во затворен сад околу половина час и да се исцеди. Чајот се пие топол, три пати на ден по една мала чаша 100 ml по јадење.
Чај за нервоза, срцеви тешкотии и нарушен крвен притисок: потребна е смеса од 15 g валеријана, цвет од глог, цвет од лаванда, ким и 10 g маточина. Три големи лажици од смесата да се попарат со половина литар зовриена вода, потоа садот да се затвори и по два часа да се исцеди. Овој чај се пие заблажен со мед во 4 еднакви порции распоредени во текот на целиот ден.

Камилица (Matricaria chamomilla)
Камилицата е едногодишно мало зелјесто растение. Лековито растение со широк спектар на употреба. Расте високо од 10 до 30 cm, ретко до половина метар. Расте исклучиво на јака земја. Камилицата се бере од април до крајот на мај, понекогаш порано. Камилицата цвета преку цело лето. Нејзин најголем сејач е ветерот бидејќи кога ќе созрее, е многу дробна, семето е многу ситно и тенко. Камилицата создава многу семе, кое е многу лесно и со ветерот лесно се разнесува, и на тој начин се шири и расте камилицата. Чајот од камилица е најпознатиот и најраспространетиот чај со низа лековити својства. Се одликува со мошне сладок вкус, благотворно дејствува врз органите за варење и врз воспаленијата на кожата и слузокожата. Цветот на камилицата е многу успешен лек во лекувањето на желудочно-цревните заболувања, гастритис, ентеритис, колитис, надувувања, грчеви, гасови, премногу силни желудочни киселини, а се разбира и кај заболувањата на бубрезите, црниот дроб и жолчката. Камилицата се користи како лек против чирот на желудникот и на дванаесетпалечното црево. Во овие случаи, постојаната употреба на чајот од камилица во мали голтки не само што дејствува врз смирувањето на болките, туку и лекува. По консумирањето на камилицата, тројно се зголемува бројот на леукоцитите, се олеснува варењето, се отстрануваат гасовите. Камилицата мошне успешно се употребува и против тврда столица. Камилицата се употребува и надворешно при воспаленија на слузокожата и на кожата, за плакнење и подготвување облоги против очните и разните кожни болести, за инхалација, за купки, за гаргара за плакнење на женските гениталии и сл. Миењето на косата со концентриран чај од камилица го зацврстува коренот на косата. Кај потењето на рацете и нозете, при често повторување на купката нема да изостане посакуваниот ефект. Како мошне успешни се покажале влажните и топли облоги против хемороиди, односно облогите ги отстрануваат раните и воспаленијата на анусот. Клиничките истражувања потврдиле дека камилицата дејствува мошне успешно врз отстранувањето и уништувањето на бактериите од рани, се повлекуваат гнојните лачења дури и кај ракот и кај слични деформации, а исчезнува и непријатната миризба што доаѓа од деловите на ткивото што се распаѓа. Покрај сето тоа, камилицата ја прочистува крвта. Камилицата задолжително се употребува и за лекување раздразнетост, пречувствителност при невралгии, ревматизам, болки во половината, внатрешен немир, несоници, душевна изнемоштеност, преголем замор и слично.
Правилна подготовка на чајот од камилица: Две полни лажици од цветот на камилица се преливаат со 200 ml зовриена вода, садот веднаш се покрива, малку се промешува и се остава да стои околу еден чај. Потоа се цеди, се заблажува доколку лицето не може да го пие без шеќер и се пие.
Кантарион (Hypericum perforatum)
Кантарионот е повеќегодишно зелјесто растение високо околу 1 метар. Има многу цврсто, аглесто, разгрането стебло, исправено со странични гранки. Листовите се без дршки, долгнавесто јајчести, голи со светлозелена боја, со карактеристични проѕирни точки, со етерично масло. Златножолтите, средно големи убави цветчиња на врвот од стеблото образуваат цвет. Секој цвет има околу 50 прашници сраснати во 3 снопчиња, над кои се издига троделен толчник со темноцрвена боја. Кантарионот цвета од мај до септември. Расте на осветлени места во шумите, околу патиштата, на каменестите места и на ливадите. Кантарионот се размножува со семе, а се собира горната половина од растението за време на цветањето. Кантарионот е одамна познато лековито растение. Од ова растение се подготвува и познатото кантарионово масло што има повеќекратна примена во народната медицина. Кантарионот уште одамна бил познат меѓу луѓето. Во последните децении во голема мера е испитуван фармаколошки и се докажувани неговите лековити својства. Добро дејствува врз нервниот систем. Своевремено најмногу се употребувало маслото од кантарион, кое и денес се произведува. Маслото најмногу се користи за надворешно лекување рани, но и за внатрешна употреба. Маслото се става на рани што тешко зараснуваат, на застарени изгореници, а испробано и докажано е дека при вадење заби, раните подобро заздравуваат ако во нив се стави тампон натопен со масло од кантарион.
Треба да се знае и старото правило: раните полесно заздравуваат ако завојот на кој е ставен лекот се менува повеќе пати. Значи, потребно е во текот на неколку дена постојано да се менува завојот со масло од кантарион. Исто така, тоа масло е добар лек и за триење при ревматски заболувања и невралгии, а и во случај на крварење по ранување. Маслото од кантарион дејствува како балсам за отоци, рани, болки на коските и исчашување. Тоа е најдобро средство за спречување на создавањето рани од лежење кај болните и кај старите луѓе.
Подготовка на маслото од кантарион се прави на следниов начин: во шише од 2 l се додава до висина од 8 cm од шишето повеќе листови и цветови од машки и женски кантарион иста количина, а потоа се става и стеблото. До истата висина потоа се става домашно маслиново масло. Шишето малку се затвора со тапа, така што тапата да дише, а да не излезе. Шишето се изнесува на сонце и се остава една година. Маслото од кантарион може со успех да се комбинира со други лекови за лекување чир на желудникот, секој ден на празен желудник треба да се пие по 1 лажица од маслото. Лекувањето мора да се спроведува најмалку 4-6 недели, без прекини, а понекогаш и 2 месеца, па и подолго време. Не смееме да очекуваме кантарионот да дејствува веднаш, како некои други лековити билки. За лекување на депресијата добар е и сокот од кантарион, а треба да се пие најмалку по 2 лажици трипати на ден од 3 до 6 месеци. Чајот од листовите и од цветовите се користи за лекување на црниот дроб, ако е отечен, го спречува собирањето на слузта во белите дробови, а го лекува и мочниот меур, при хроничен бронхитис и астма.
Основен рецепт за подготовка на чај од кантарион е: во зовриена вода 2 dl се става 1 лажица ситно исечкана билка (лист и цвет), се трга од огнот, се остава да стои 10-15 минути во затворен сад и потоа се пие трипати на ден против гастритис, чир на желудник, пролив, при заболувања на црниот дроб, жолтица, воспаление на мочниот меур, нервни заболувања, главоболки, бубрежни тегоби, менструални тегоби, слабокрвност во комбинација со други треви и лекови, кашлица и друго. Кантарионот се користи и во ветеринарството за лекување на домашни животни, како средство против воспаленија кај отоците и како антибактериско средство за раните. Во народното ветеринарство, чајот од кантарион им се дава на животни при катар на желудникот и на цревата, заболувања на црниот дроб и на уринарните органи.
Забелешка: во големи дози кантарионот е отровен. Со кантарионовото масло не треба да се лекуваат свежи рани.
Токсичност: билката има фотосензибилно дејство, па уште пред употреба, пациентот треба да се предупреди да не се изложува на сонце за да не му се воспали кожата, а една од непожелните појави при изложување на сонце е појавата на оток на усните – како кај коњите. Хиперицинот, кој е ефикасен против депресијата, ја предизвикува таа фотосензибилност.
Лаванда (Lavandula officinalis)
Лавандата е повеќегодишна густа полугмушка, со многу вертикални фиданки, со висина до 1 m. По потекло е од јужна Франција. Целото растение е сиво поради изобилството од влакненца. Листовите се прави, на двата краја малку стеснети, слични на листовите од рузмаринот.
Цветчињата се ситни, виолетово-сини, пршленесто групирани по неколку цветови и собрани на врвовите од фиданките во цветови како класје. Цвета во јуни и јули. Таа е медитеранско растение и сака топла клима, но и поголема надморска височина, иако некои видови се распространети и во континенталниот дел. Се размножува вегетативно и со семе. Лавандата е индустриска. Растението се користи за добивање ароматично масло за козметика и фармацевтски препарати. Лавандата, исто така, ги брка комарците, тавтабитите, молците и други инсекти. Има пријатен мирис, но малку горчлив вкус. Како лек се употребува цветот. Лавандата се користела уште од античко-македонскиот и римскиот период. Древните лекари тврделе дека лавандата помага против воспаление на мозокот, вртоглавици, ладен желудник и др. Во народната медицина цветовите од лаванда се користат за лекување кардиоваскуларни болести, како желудочно средство, против песок во урината и против воспаление на мочниот меур. Исто така, се употребува за подготовка на лековити купки при воспаление на зглобовите и изработка на ароматични, миризливи перници. Надворешно, билката се употребува како додаток кон купките. Маслото предизвикува слаба локална анестезија. Служи и како коригенс за мирисите од многу лекови. Маслото се употребува и како лек, а освен тоа, многу се користи во парфимеријата и козметиката. Исушениот цвет се става меѓу облеката за да добие пријатен мирис, а во медитеранските земји букетите од лаванда служат за бркање комарци, тавтабити, молци и други инсекти.
Хмел (Humulus lupulus)
Ова лековито растение кај нас расте на влажни места како диво растение. Доста се користи и одгледува кај нас, но и во другите земји за производство на пиво. Целото растение е лековито. Шишарките на Хмелот содржат смоласти материи, етерични масла, флавоноиди, кумарин, танин, алкалоиди и витамини. Во народната медицина се употребува за исфрлање на мокрача. Се користи за гихт и реума. Добро делува за смирување на нервите, за нормален сон. Се употребува за заболување на бубрезите, болести на црниот дроб, жолчката, грозница, слаб апетит. Не смее да се употребува во преголеми количини бидејќи може да предизвика гадење, повраќање, главоболка, да ја успори циркулацијата и др. Начинот на употреба е следен – младите изданоци напролет можат да се консумираат. За чајот се зема една лажица на пола литар вода. Се пие 3 пати на ден половина час пред оброк по една чаша.

Напишете коментар