Проект за Управување со Сливот на Реката Струмица
Денеска и утре во хотел Сириус се одржува промоција ина проектот за управување со сливот на реката Струмица и воведна работилница за засегнатите страни.
Овој дводневен настан вклучува-
Промоција на нацрт-Планот за управување со сливот на река Струмица со Програмата за мерки
Презентација на анализитее и заклучоците од оценката на ризикот од поплави со предлог мерки
Презентација на нацрт-извештајот од Стратегиската оцена на животната средина за Планот за управување со сливот на река Струмица
Презентација на целите и планираните активности во рамките на Проектот за управување со сливот на река Струмица
Проектот за управувањесо сливот на река Струмица се спроведува во партнерство помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање,Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,општините од сливот,Центарот за развој на југоисточниот регион и бројни други субјекти на национално,регионално и локално ниво,благодарение на финансиската и техничката поддршка на Швајцарскта агенција за развој и соработка и УНДП.