Претставници од училиштето „Халдун Танер“ од Истанбул во посета на ООУ „Маршал Тито“ во Муртино
Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино, престојуваат претставници од партнер училиштето „Халдун Танер“ од Истанбул, Република Турција. Во салата на Советот на општина Струмица во домот на АРМ претставници од двете училишта, се сретнаа со претседателот на Советот Марјан Даскаловски и дел од советниците. Даскаловски им посака топло добредојде на гостите од Турција и заедно со присутните советници одговараа на прашања кои беа поврзани со Советот и образованието. Беа разменети мислења за образованието во двете држави, финансирањето, позитивните искуства, современите образовни системи и практики. Беше заклучено дека, соработката помеѓу двете училишта ќе продолжи и во иднина и со поддршка на општина Струмица ќе биде уште подлабока и посилна.
Претставниците од училиштето „Халдун Танер“ од Истанбул, беа во посета и на средното општинско училиште „Никола Карев“. На гостите од Турција им беа презентирани струките во училиштето, условите за работа, капацитетите на училиштето, а ги посетија кабинетите во училиштето и одблизу се запознаа со наставата и образовниот процес во училиштето.