Градоначалникот Јаневски избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Градоначалникот Јаневски избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на првата (конститутивна седница) на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седницата беа верификувани мандатите на членовите на Советот, составен од новоизбраните градоначалници на општините Гевгелија, Дојран, Богданци, Валандово, Струмица, Босилово, Ново Село, Василево, Радовиш и Конче. За претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, беше избран градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.
Новите членови на Советот беа информирани за политиката за рамномерен регионален развој и постапката за аплицирање за регионални проекти, како и со активностите на Советот и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, за наредниот период