Ученици од СОУ „Јане Сандански“ на финалниот натпревар по англиски јазик на ЈЕИЛ универзитетот во САД
Ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова од средното општинско училиште „Јане Сандански“ денеска заминаа на ЈЕИЛ Универзитетот во Соединетите американски држави. Тие ќе учествуваат на финалниот натпревар по англиски јазик кој што се одржува од 9 до 14 ноември. Ова учество е резултат на постигнатиот успех на ученичките на преелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот во Атина. Поради овој успех на 11 и 12 април 2018 година финалето на Светскиот ученички куп кое што секоја година се одржува на ЈЕИЛ Универзитетот во САД ќе се одржи во Струмица.