Над 100 специјалитети од праз на десетата Празијада во Градашорци
Вчера во населеното место Градашорци се оддржа традиционалната манифестација Ден на Празот, која оваа година беше по десетти пат.
Оваа манифестација е во организација на општина Василево и под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија.
Оваа манифестација го промовира празот како култура и Градошорци и општина Василево како еколошки чисто подрачје во кое се произведува најквалитетниот праз во Републиката и пошироко. Гости од општината, регионот, државата и пошироко имаа можност да уживаат во вкусат на бројните специјалитети од праз специјално подготвени за Манифестација од локалните домаќинки и да се уверат во многубројните можности што се нудат за негова подготовка и конзумација.
„Како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите манифестации чија основна цел е промоција на општина Василево и зеленчукот што се одгледува на ова подрачје. Целта на оваа манифестација е промоција на празот и Градошорци како населено место во кое секое домаќинство произведува висококвалитетен праз. Ова е и обид на едно место да ги собереме производителите, откупувачите и преработувачите на праз. Наш приоритет во иднина ќе биде привлекување на инвеститори кои ќе отвараат откупни центри во нашата општина бидејќи празот со својот квалитет се бара не само во државата туку и надвор од неа“, рече во изјава за медиумите градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.