Светскиот ученички куп во април 2018 година ќе се одржи во Струмица
На 11 и 12 април 2018 година, Светскиот ученички куп чие финале секоја година се одржува на ЈЕИЛ универзитетот во САД, доаѓа во Струмица. Како што не информираше Верица Јанкова, професор во средното општинско училиште „Јане Сандански“, ова е резултат на успехот кој што го постигнаа нејзините ученички на преелиминарниот натпревар по англиски јазик кој што се одржа во Дубаи и на финалниот во Атина. Ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова под менторство на Јанкова, веќе се пласирани за финалниот натпревар кој на ЈЕИЛ универзитетот ќе се одржи од 9 до 14 ноември оваа годин