Утре започнува Вториот саем на книгата во Струмица
Во организација на Младнски совет – Струмица, а во соработка со Академија „АБЦ“, Локална установа Библиотека „Благој Јанков – Мучето“ и „СИМ Компани“, од утре до 24. мај, ќе се одржи Вториот саем на книгата, под мотото „Ајде да читаме“. На саемот се очекува да бидат изложени книги од петнаесеттина издавачки куќи од нашава земја, а свеченото отворање е закажано за утре во 14 часот на плоштадот „Гоце Делчев“. Како и минатата година, така и годинава, Саемот на книгата ќе се одржи со поддршка од Општина Струмица.