ЃУРЃОВДЕНСКИ СРЕДБИ 2017

Општина Ново Село во соработка со Домот на Културата “Јане Сандански” од Ново Село традиционално години наназад ја организира манифестацијата “Ѓурѓовденски средби” по повод празникот Ѓурѓовден. Овие средби се од особена важност за граѓаните на Општина Ново Село бидејќи со нивното одржување се продолжува традицијата преку негувањето на песната и орото од една страна и носиите од друга страна. Оваа година учество зедоа неколку културно уметнички друштва со повеќе од 200 учесници и тоа: КУД “Јане Сандански” од Ново Село, ТС „Јане Сандански“-с. Генерал Тодоров Р.Бугарија, ДТС„Самодивска китка“ -с.Самуилово Р.Бугарија, КУД „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков со пригоден говор.

Напишете коментар