Ѓорги Калајџиев- ИЗМИСЉАН МААБЕТ МЕЃУ ДВУЈЦА СТРУМИЏАНЕ
Киро – БОНЏОРНО.
Џоко – ШАЛОМ.
Киро – Дек си бе Џоко, од ланскио СЕНТ ЏОРЏ не сме се виделе.
Џоко – Тамам е работта… ЌЕ ПАСА ?
Киро – Е шо да биде…ја ќе флезам ИНСАЈД у некоо кладилница да се стопљам…ного ладно.
Џоко – Ми шо не нааш некоо да се женаш, па да те стопле. Ти си бар КИНГ за таа работа.
Киро – Е как не. Немам си јас ХЕПИНЕС у АМОР.
Џоко – Зашо бе? Ми дек тее таа една БОНИТА шо ти беше женска ? Да не раскина ?
Киро – Раскинах ми. Море га направих МАФ. МАФ стана. Шо ќе мее таква ? Јас ѕвезди и сваљувам, море цел СИРИУС и го сваљувах…и пак не и пугудих.
Џоко – А бе ај ЕНЏОИ, не се секири.
Киро – Е как не се секири. не можам салам женска да си фанам. На сите акло им е у ДУКАТ, ГОЛД, ПЛАТИНУМ… ќар им се гледе. А баш сакам да си земам некоо домаќинка ут АМОР,ГАРДЕН да ми мете, манџи да права, деца да гледе.
Џоко – У право си другарче. На денешно време тешко се наваѓе арна женска. Колко и да праваш СЕЛЕКТ, не знааш на каква ќе налеташ. Работтаа, или џа или БУ.
Киро – Море ми иде некоо ут Албанија или Молдавија да си земам за жена. Неем јас проблем с`с тава, ти ме знааш јас каков КОСМОПОЛИТ сам.
Џоко – Е как не те знам… А бе еј, измрзнааме, ај доста правииме ГОСИП за женските. Ај ојдееме.
Киро – Е ај…
(ѓ.к.)