Пресек – Изложба на Љупка Галазка-Василев, Никола Пијанманов, Ване Костуранов и Марјан Ѕингаров
Здружението за култура Транзен организира ликовна изложба на четирите ликовни уметници од Струмица: во галерија на Музеј Струмица.На изложбата со наслов Пресек,која ќе биде презентирана во галеријата на Музејот,ќе бидат изложени околу четириесетина дела.За нивното творештво во каталогот за изложбата ќе напише Ана Витанова Рингачева-Уметност во време на суша.Тишината како висока уметничка категорија, како аура во која егзистираат уметниците, во првите децении од новиот век, како да се претвори во молк и тоа толку длабоко вкоренет, до бездните на нашата опстојба. Изложбата ќе биде отворена на 16 декември петок во 20 00 часот и ќе биде поставен до 10 јануари.