„Дарувајте орган подарете живот“
Црвен крст Струмица нa 17 Октомври спроведe предавање на тема „Дарувајте орган подарете живот“ предавач беше прим.Др. Љубинко Трпеновски кој е Претседател на Здружението Нефрон за бубрежно болни граѓани и истиот ги информира граѓаните кои присуствуваа на оваа предавање за самата тема и како истото функционира во нашата држава. Предавањето се одржи во Дом на културата Антон Панов Струмица, горна сала за истото беа ангажирани младите волонтери кои ги пречекуваа гостите, делеа флаери и имаше задолжени волонтери за анкетни прашалници на кои анонимно одговараа граѓаните присутни на предавањето.