Дневен ред за 44-та седница на Советот на О.Василево

Во четврток, 29.09.2016 год. со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 44-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

Измени и дополнувања (Ребаланс) на Буџетот на општина Василево.
Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за учебната 2015/2016 год.
Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2015/2016 год.
Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2015/2016 год.
Годишна програма за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2016/2017 год.
Годишна програма за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2016/2017 год.
Годишна програма за работата на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за учебната 2016/2017 год.
Донесување на Одлука по Барањето поднесено од Македонска православна црква – Охридска епархија – парохија Василевска.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево

Напишете коментар