Ана Пачоова- Бабо, иако не си тука, јас сеуште те сакам
Бабо, иако не си тука,јас сеуште те сакам.
Надвор врне.Седам под прозорецот, завиткана во ќебе, со шолја чај во рацете и се прашувам каков би бил животот без тебе, бабо ?
Имав сано 12 години кога ме напушти и си отиде во рајот. Сега си мој ангел чувар кој секогаш е покрај мене. Сеуште плачам кога се сеќавам на моментите поминати заедно.
Иако имаш многу внуци кои тагуваат по тебе, знај дека јас те сакав најмногу и дека мене ми е најтешко без тебе. Деновите и ноќите ги поминуваваме заедно, правејќи глупости и смеејќи се се за истите.
Сеуште имам надеж дека еден ден ќе се вратиш и се ќе биде како порано, иако сите ми кажуваат дека тоа не е возможно.
Ти благодарам што беше со мене во секој момент, ти благодарам за секој совет и сешто направи за мене.
Ти благодарам што беше до мене кога го каќав првиот збор, кога го направив првиот чекор и кога ја напишав првата буква.
Бабо ти ме научи како да се соочувам со проблемите и како да чекорам право во животот.
Ти благодарам што ме направи човек. Знај дека ќе те сакам до крајот на мојот животот и дека засекогаш твоето место во моето срце ќе остане само твое.
Автор- Ана Пачоова