о. Василево- Советот ја одржа 43-та Седница
Денес, Советот на општина Василево ја одржа 43-та редовна седница и ги усвои предлозите од дневниот ред.
Едногласно, без дискусии и забелешки беше усвоена Предлогот за измена и дополнување на Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2016 година, согласно кој одредени ставки претрпеа корекции. Зголемени се средствата за одржување на дел од турнирите во населените места, како и износот за стимулација и наградување на талентирани спортисти.
Едногласно беше усвоено и барањето поднесено од ЛД„Фазан“ а кое се однесува за финансиска поддршка за одржување на меѓународниот турнир во стрелање на глинени мети, што ќе се одржи по повод Денот на независноста на Р.Македонија – 8-ми Септември.
На денешната седница како дополнителен предлог беше прифатено и со мнозинство од сите присутни советници усвоено, барањето од ЈОУДГ „Прва радост“ од Василево за прием на повеќе деца во градинката од проектираниот капацитет, заради, како што стои во образложението поголемиот број на пријавени деца од предвидениот проектиран капацитет.