ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица е целосно подготвено за успешен почеток на новата учебна година.
Неколку актвности го одбележаа периодот на летниот распуст во работењето на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица. Според зборовите на директорот на училиштето Борис Иванов, во овој период, извршено е генерално чистење на сите училници и други училишни простории, санација и делумно обелување на ѕидовите на училниците и ходниците, како и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите простории и училници. Покрај тоа, во подрачното училиште во Градско Балдовци извршена е санација и делумно обелување на ѕидовите на училниците и ходниците, како и чистење на оџаците во училишната зграда. Според Иванов, ООУ „Никола Вапцаров“