Се уште е отворена хуманитарната акција за помош во поплавените подрачја
Општина Струмица ги информира граѓаните и правните субјекти дека се уште е отворена хуманитарната акција за помош на жителите од поплавените подрачја кои претрпеа големи штети од невремето на 6 и 7 август 2016 година. Просториите на домот на АРМ се отворени од 8 до 21 часот, а потребни се вода за пиење, конзервирана храна и средства за лична хигиена.
На граѓаните од поплавените подрачја им е потребна помош, да ја потврдиме уште еднаш нашата хуманост и солидарност.