Тина Русева Второ место на „Славјански Базар 2016“ во Белорусија

Уште една млада музичка ѕвезда од струмикото поднебје се закити со награда на интернационален фестивал.
Струмичанката Тина Русева го освои високото второ место на годинашното јубилејно издание на интернационалниот фестивал „Славјански Базар 2016“ во Белорусија, во категоријата за деца.

Таа ја претставуваше Македонија, а се натпреваруваше со песните на Александра Јанева, „Врати ми го сонцето“ и од Џенифер Хадсон, „Уште само една ноќ“, со нејзини врсници од Израел, Молдавија, Ерменија, Италија, Германија, Бугарија, Србија, Босна, Црна Гора, Русија, Белорусија, Украина, Казахстан, Узбекистан, Чешка, Естонија, Романија, Литванија и други земји.

11-годишната Тина на нашето прашање, како се чуствува по освојувањето на второто место и настапот на оваа голема сцена, вели: „Уф, во таква јака конкуренција прекрасноооо… Ептен за прв пат се почуствував дека сум родена за сцена, бидејќи децата од цел свет беа неверојатни таленти“ – ни рече Тина, додавајќи дека најмногу се дружела со претставниците на Узбекистан, Србија, Босна и Бугарија.

Напишете коментар