Игралиштето во Пиперево се подготвува за почетокот на турнирот Ч`крче
Јавното комунално претпријатие „Турија“ Василево ангажирано од општина Василево го подготвува повеќенаменското игралиште во населеното место Пиперево за утрешниот почеток на меморијалниот турнир во мал фудбал Ч`крче.
Нови мрежи, нови држачи за мрежите и рефлекторите како и нови рефлектори се поставуваат, со цел обезбедување на оптимални услови за одржување на турнирот.
Турнирот, традиционално, во чест и спомен на Славе Стојанов од Пиперево го организираат неговите пријатели и семејството.
Главен покровител на турнирот е општина Василево.