Реконструкција и проширувње на водоводната мрежа во Н.Маала
Во населеното место Нова Маала, ЈПКД „Турија“ Василево деновиве врши реконструкција и проширување на дел од водоводната мрежа. Според информацијата од јавното комунално претприја реконструкцијата се врши на деловите од мрежата каде поради дотраеност почесто се појавуваат дефекти, поради што старото се заменува со ново црево. Паралелно со тоа се врши и проширување на мрежата со што ќе им се овозможи на дел од домаќинствата кои досега не беа приклучени да се приклучат на водоводот истовремено стварајќи услови и за изградба на нови куќи во делот од селото каде се врши проширувањето.
Вкупната должина на водоводната мрежа која е предмет на работа, реконструкцијата и проширувањето, е околу 400 метри а средствата се обезбедени од општина Василево.
Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, грижата на општината за своите граѓани во оваа област не застанува тука. Деновиве општината ќе отпочне постапка за јавна набавка за изготвување на техничка документација за доградба и реконструкција на филтер станицата во Доброшинци, за што средствата се веќе обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програма за инвестирање во животната средина.